20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Некатегоризирано

Бектеши: Трговските центри да работат и во недела

Mинистерот за економија Крешник Бектеши на денешниот прес изјави дека некои од дејностите треба „да се извлечат“ од законското решение за недела неработен ден, а токму работата на трговските и туристичките центри е стратешки приоритет на нашата држава и треба да работат и во недела.

– Имајќи го предвид трендот на изградба на трговски центри, инвестициите кои се прават во таа дејност и приливот на странски туристи во викендите во нашата држава, а посебно од соседните држави, мислам дека многу внимателно треба се разгледа ова прашање и трговските центри да работат и во недела, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Дел од маркетите и трговските центри во Македонија одлучија неделата да биде неработен ден за сите вработени

Поврзани вести

10 начини да го привлечете успехот на ваша страна

Radmila Tasevska

Една недела до Винодонија 2024 – Вкусете го најдоброто од винскиот свет!

Urednik

Роберт Редфорд торта

Urednik