СТАНДАРД life
МК Сцена

Скопје домаќин на првата интернационална конвенција за тетовирање

Скопје е домаќин на првата интернационална конвенција за тетовирање која ќе се одржи на 26-ти и 27-ми август во хотел Парк. „Skopje Tattoo Show 2023″ е настан кој ја промовира уметноста и самоизразувањето преку тетовирањето.

Уметноста на тетовирањето стана светска призната форма на уметност која се развива секојдневно. На „Skopje Tattoo Show 2023″ ќе присуствуваат над 50 интернационални и балкански тату артисти. Посетителите ќе можат да воочат тадиционални и современи тетоважи, неверојатна разновидост на стилови и техники како изгледа тетовирањето.

За време на овие два дена, тату артистите ќе се натпреваруваат во повеќе различни категории и за најдобрите тетоважи на крајот од денот ќе се доделат награди. Доколку сакаат посетителите ќе имаат можност да се тетовираат и да научат нешто од врните тату уметници.

Интернационалната конвенција нема да биде само натпревар на тату уметниците, туку ќе има и настани за секој посетител да ужива во нив. За одржување на музичката атмосфера тука ќе бидат бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk. Нашиот познат уметник, Михаил Курбин, ќе има своја изложба, додека свое предавање ќе има м-р Ивана Хаџиманова, психотерапевт со долгогодишн искуство во областа на менталното здравје на темата „Под површината: Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност“.

Првата „Skopje Tattoo Show 2023“ конвенција ќе биде поттик за поврзување на заедницата за тетовирање, да споделува искуства и да гради трајни врски и можност да видат како се развива и напредува тату индустријата.

Поврзани вести

Доделени наградите на 24 CINEDAYS Фестивал на европски филм

Urednik

Две нови награди за Манчевски, „Кајмак“ стартува во холандските кина, распродаден во Лондон

Urednik

Уметност без граници: Skopje Tattoo Show ќе ја слави индивидуалноста и креативноста

Urednik