СТАНДАРД life
Храна

Домашни крекери: Крцкави и вкусни, готови за 30 минути!

Направете сами крекери наместо да ги купувате. Тие се поздрави и подеднакво вкусни. Не ви треба многу време или вештини. Само добра волја.

Потребни состојки:

250 гр брашно

брашно за да се замеси тестото

1 прстофат сол

1 лажичка прашок за печиво

100 мл масло

100 ml вода

ПОДГОТОВКА

Прво вклучете ја рерната на 180 степени. Просејте брашно со прашок за печиво. Додадете сол, масло и вода, па замесете мазно тесто. Потоа тестото префрлете го на набрашнета работна површина и уште малку замесете го. Расукајте го со сукало до дебелина од неколку мм. Врз него посипете сусам, па со сукало лесно поминете го за да се залепи сусамот.

Од тестото исечете крекери во форма на кругови.

Тестото ставете го во тавче подмачкано со масло и премачкајте го со јајце.

Печете 20 минути на 180 степени.

Наздравје!

Поврзани вести

Направете вкусни палачинки за доручек

Radmila Tasevska

Лесен оброк за топли денови: Салата со пилешко и булгур

Urednik

Рецепт на денот: Пудинг од тиква

Radmila Tasevska