СТАНДАРД life
Шоубиз

Софија Вергара откри дека ги чува своите разголени фотографии, а откри и каде ги чува

Голите фотографии често предизвикуваат сериозни главоболки за познатите личности, но Софија Вергра мисли поинаку. Познатата актерка откри дека ги чува своите разголени фотографии и дека тие се убав спомен од нејзиното минато.

Вергара е позната како една од најубавите жени во светот, а во Холивуд се прослави со улогата на Глорија Делгадо во популарниот американски ситком Модерна Фамилија.

Оваа улога и донесе финансиска сигурност на актерката, признава и самата. По разводот од Џо Манганиело во 2023 година, актерката ги отвори вратите на својот дом, замок во Беверли Парк вреден 26 милиони долари, за Architectural Digest.

Ѕвездата на хитот на Нетфликс „Гризелда“ во видеото покажа како ја чува колекцијата чевли и раскошната гардероба, а откри и дека една од работите што и е многу при срце е нејзината гола фотографија, пренесува Марка. На фотографијата 51-годишната жена го покрива своето тело, но и денес не се плаши да признае колку се променила низ годините. „И оваа слика, беше кога бев млада и свежа“, вели таа во видеото.

„Јас всушност живеам овде – во мојот плакар“, додаде таа. „Поголемиот дел од времето го поминувам овде. Ова е како сон на една девојка“.

Поврзани вести

Зошто овој Божиќ е толку посебен за Тејлор Свифт?

Urednik

Со оваа девојка Метју Пери го имал последниот состанок: „Неговата смрт ме опустоши“ (ФОТО)

Radmila Tasevska

Позната пејачка: Татко ми повика полиција откако ја изгубив невиноста

Radmila Tasevska