Доаѓа третата сезона на And Just Like That…, HBO го потврди враќањето на омилените ликови за уште еден дел од серијата. Во пресрет на нови епизоди се следат животите на главните актерки. И додека на Кери Бредшо и требаше малку време да се загрее со идејата да посвои животно, на Сара Џесика Паркер очигледно не и требаше долго.
Во втората сезона на And Just Like That… во животот на Кери има нова крзнена пријателка, маче што Че Дијаз (ја игра Сара Рамирез) го носи во нејзиниот стан по име Шу. Сара Џесика Паркер на социјалната мрежа откри дека Шу, всушност наречена Лотус, сега живее во домаќинството Паркер-Бродерик.
Тие посвоија маче од засолништето, додаде таа, и тоа им се придружува на нејзините две мачки во нивниот дом во Вест Вилиџ.
„Ако изгледа познато, тоа е затоа што е“, напиша Паркер покрај неодоливите фотографии и снимката од новото милениче.
„Неговото име зад камерите е Лотус. Тој и неговите браќа и сестри биле именувани кога биле спасени како новороденчиња. Тој беше официјално посвоен од семејството Паркер/Бродерик во април 2023 година. Тој им се придружува на Реми и Смила, кои ги посвоивме во мај 2022 година“, објасни актерката.
Нејзината колешка од „And Just Like That…“ Кристин Дејвис прокоментира дека многу го „сака“ мачето.
Сара Џесика Паркер ја избра чантата на годината – неодолив модел кој може да се носи на многу начини