Од клучно значење е да подготвите добра презентација со којашто ќе ги претставите услугите или производот пред потенцијалните инвеститори. PowerPoint презентацијата е одлична алатка за презентирање на продуктот на компанијата, технологијата, тимот, финансиите и треба да биде добро подготвена. Инвеститорот, претприемач и автор Гај Кавасаки во една прилика рече: “Повеќето презентации се за никаде“.
Сепак, како што нагласува Кавасаки, единствено што треба да направите за да не ја мачите публиката е да го примените правилото 10- 20 -30. Едноставно кажано, 10 – 20 – 30 правилото на PowerPoint е збирка од три златни принципи што треба да ги почитувате во вашите презентации.
10 слајдови
Десет е оптимален број на слајдови во презентацијата на Power Point, бидејќи нормалното човечко суштество не може да следи повеќе од 10 клучни концепти на состанокот, инсистира Кавасаки.
20 минути
ТЕД говорите траат 20 минути со причина – толку долго може да очекувате внимание од публиката за она што го зборувате. Ако го прескокнете ова правило, сè што е над 20 минути е ваша одговорност. Дури и ако ви дадат еден час за презентирање, излистајте ги слајдовите за 20 минути, инсистира Кавасаки. Искористете го остатокот од времето за да ја поставите технологијата претходно и да поставите прашања по презентацијата.
Фонт 30
Што не е во ред со малите фонтови? Повеќето презентации имаат текст со големина на фонт 10. Значи повеќе текст во слајдот што презентерот го чита.
“Резултатот на ова е е што публиката чита пред вас, а вие не и служите за ништо. Така презентацијата е досадна, а вие сте непотребен. Користењето на поголем фонт ќе ве натера да користите помалку зборви, а тоа ќе ве натера да размислите и запамтите клучни поенти“, вели Кавасаки.