Директорот на Виндија, Драгутин Дрк почина денеска на 84-годишна возраст, соопштија од компанијата.
„Со голема тага сакаме да ве известиме дека во понеделник наутро, на 8 февруари, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на групата Виндија, г-дин Драгутин Дрк, почина ненадејно“, посочи Виндија во изјавата.
Драгутин Дрк е роден во 1937 година во Вараждин. Завршил средно млекарско. Се вработил во 1961 година во Градската млекара Вараждин (подоцна Виндија), како управител. Од 1961 до 1965 година студирал економија додека работел.
Тој стана директор во 1965 година, а беше шеф на „Виндија“ сè до неговата смрт.
Тој беше мнозински сопственик и единствениот член на Управниот одбор на Виндија.
Од 1993 до 1996 година беше член на Градскиот совет во Вараждин и од 1997 до 2000 година беше заменик градоначалник.
„Тој помина повеќе од 50 години на кормилото на Виндија, создавајќи деловен систем на групацијата Виндија, локален и регионален лидер на храна чии предводници, Виндија и Кока, ќе навршат 60 години. Од самиот почеток на неговата кариера, тој имаше визија за развој на силна домашна и регионална компанија со комплетен циклус на производство, инспирирајќи ја деловната заедница, партнерите и соработниците. Г-дин Дрк го посвети целиот свој живот и деловно искуство во Виндија и работеше со полн капацитет до последниот ден. Со посветена, секојдневна работа на развој на голема прехранбена индустрија која денес вработува скоро 3.700 луѓе, Драгутин Дрк беше исклучително посветен на своето семејство, особено на внуците“, додаваат Виндија во изјавата