СТАНДАРД life
Балкан микс

Ана Николиќ сака да се смири со екс-менаџерот, и тој прифаќа ама под еден услов

Ана Николиќ е подготвена по трет пат да соработува со Саша Мирковиќ, но тоа нема да помине туку така со нејзиниот поранешен менаџер.

Деновиве српската пејачка Ана Николиќ и нејзиниот сега поранешен менаџер Саша Мирковиќ се во центарот на вниманието на јавноста поради јавна кавга и драматичен прекин на соработката, а вчера пејачката за медиумите изјави дека засекогаш ќе му биде благодарна на својот поранешен менаџер и дека постои можност за обнова на соработката по трет пат.

Преку меѓусебно вадење на валкани алишта, Ана Николиќ зборуваше и за тоа каков бил нивниот прв обид за соработка, кој траел само петнаесетина минути, кога сакала да скокне од автомобил во движење.

На изненадување на многумина, таа тогаш изјави дека е отворена за можност за помирување со Мирковиќ, по што тој се огласи на социјалните мрежи коментирајќи ја изјавата на Гоца Божиновска која застана во одбрана на Ана Николиќ и рече дека е подготвена да ѝ помогне доколку е тоа потребно.

„Никогаш не сум читала коментари, да сум ги читала ќе завршев во лудница, каде секако ќе завршам има време. Морам да работам сега, не читам глупави коментари. Што се однесува до Саша Мирковиќ, мислам дека нешто збркал. Или мене, или лековите. Како што и мојата мајка не сака да ги пие. Што се однесува до мене, секогаш ќе му бидм благодарна, беше тоа една убава соработка. Шест, седум месеци соработувавме. Не можеме ние двајца заедно, нашата прва соработка почна така што речиси ќе скокнев од автомобил во движење, фигуративно. Петнаесет минути тогаш траеше. Втората соработка ни траеше, еве, седум месеци. Можеби третата ќе биде подолга, ќе видиме. Постои шанса за нова соработка со него, секогаш, со нас никогаш не се знае“, објаснила Ана за српски Блиц.

И Саша вчера спомна евентуално смирување со Ана, но под одредени услови.

„Прво мора да ми се извини и да каже кој ја натера да напише дека сум нечовек и зашто тоа го напиша, а потоа може разговор“ – напиша Саша.

Дали двајцата конечно ќе се смират или ќе завршат на суд, останува да видиме.

Поврзани вести

Милош Биковиќ во Берово, има време и за фотографии со фанови

Urednik

Прво огласување на Ѓорѓе Давид на социјалните мрежи по несреќата: Откри чија поддршка многу му значи

Radmila Tasevska

🎥 Марија Шерифовиќ пристигна во Белград со синот Марио: „Од утре примаме подароци“

Radmila Tasevska