СТАНДАРД life
МК Сцена

„Јон Вардар против галаксијата” со награда на фестивал за научна фантастика во Мајами

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” во режија на Гоце Цветановски ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Фестивалот за научно-фантастични филмови во Мајами (MiSciFi).

Се работи за еден од најзначајните жанровски фестивали во САД посветени на научната фантастика, фантазијата и хоророт.

„Јон Вардар против галаксијата” досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, и освои 7 награди. Покрај кино-дистрибуцијата во Македонија, филмот беше прикажан и во кината во Бугарија и Унгарија. Од продукцијата најавуваат дека во наредниот период се очекува негова дистрибуција и во други земји.

Цветановски изјави дека ова признание има посебно значење за екипата: „ Многу сум радосен што во последниве години македонскиот филм бележи значајни успеси и се позиционира сè поцврсто на меѓународната сцена. Ова е наша прва награда во САД, а се надевам дека до крајот на фестивалската кариера на филмот ќе имаме уште убави новости за споделување.

Арт директор на филмот е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

Поврзани вести

ЕЛЕНА ЛУКА со ексклузивен моден настан ја заокружи успешната година

Radmila Tasevska

Тамара се прости од Оки: ,,Патувај спокојно Оки”

Radmila Tasevska

Рецензија на „Холивуд Репортер“ за „Патување пеш“: Режисерката на „Медена земја“ со нејзиниот ефективен спој на политичка итност и поетска креативност

Urednik