СТАНДАРД life
МК Сцена

Тамара Тодевска носи „Торнадо“! Пејачката откри детали (ВИДЕО)

Македонската пејачка Тамара Тодевска на сцената е речиси две децении, а сега ја изненади публиката со новиот сингл наречен „Торнадо“.

Кога се појави на сцената пред две децении, можевме само да нагаѓаме какво торнадо ќе создаде нејзиниот темперамент, а овој јули се уверивме дека Тамара Тодевска не губи време и по втор пат оваа година на публиката и нуди нешто ново и поинакво!

Имено, Тамара ја објави својата нова песна „Торнадо“, а интересно е што текстот го напиша српската пејачка и текстописец Ана Радоњиќ, попозната како Зои Кида, а за музиката и аранжманите беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Лазар Цветкоски.

– „Торнадо“ е нашата нова музичка приказна и многу сум среќен што направивме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа ни треба најмногу во периодот во кој живееме! Задоволна сум од комплетниот производ, песната и спотот и искрено верувам дека ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите од регионот – истакнува Тамара.

Поврзани вести

Алабаковски се враќа на скопската сцена со концерт во „Јавна соба“

Urednik

Две нови фестивалски селекции во Италија за „Јон Вардар“

Urednik

Македонија домаќин на Светското првенство во латино танци

Urednik