Скопскиот рок бенд Lincoln Letter денеска го објави нивниот спот за новата песна Skull and Bone – пиратска приказна за екипаж кој трага по својот капетан.
По неколку години пауза поради географска оддалеченост на членовите, Lincoln Letter повторно се враќаат на сцената, овој пат со нова пиратска приказна. По минатиот спот и албум со каубојска – вестерн тематика, бендот одлучи да „заплови“ по нови води и како раскажувачи преку музика, својата нова тема ја најдоа во светот на пиратските приказни. Skull and Bone е воедно и најава за нивниот нов албум кој ќе излезе на крајот на летото.
Промоцијата на спотот се одржа вчера во Public Room каде се наполни дворот од публиката. Спотот беше прикажан, и набрзо Lincoln – Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски, Андреј Ѓоршевски и Јан Стефановски, стапија на сцената и одржаа концерт, а беа пречекани со голем аплауз. За крај, публиката повторно го гледаше спотот кој беше примен со голем ентузијазам и позитивни критики.