СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
МК Сцена

(Фото) Андреј од „ДНК“ денеска ќе наполнеше 44 години: Сопругата Наталија сподели емотивна фотографија

Андреј Ѓорѓиески, македонски музичар и продуцент, член на музичката група „ДНК“ е роден на 9 февруари 1982 година во Скопје.

Да беше жив, Андреј Ѓорѓиески, односно Андреј од „ДНК“, како што го викаа сите пријатели и обожаватели, денеска ќе наполнеше 44 години.

Неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска, ретко споделува спомени со својот сакан сопруг, откако го загуби во ужасната трагедија во Кочани на 16 март минатата година.

Денеска, на првиот роденден по неговата смрт, Наталија сподели фотографија од плажа, снимена на зајдисонце, на која Андреј стои во далечината, а во позадина на објавата оди песната „Север и југ“ од „ДНК“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Твојот роденден“, напиша Наталија во објавата, покрај која ставила емотикон од пар кој се прегрнува и бел гулаб што лета.

Андреј и Наталија беа во брак 10 години.

 

Поврзани вести

Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна и Пајак на фестивалот на виното – Целосна програма за ВиноСкоп 2023

Radmila Tasevska

Тозија: „М“ ја доби наградата за најдобар на „Dances with films“ затоа што не е клише, ретко виден за тамошната публика!

Urednik

📽 Касапски со нов видео запис за макфестовската „Помини“

Urednik