СТАНДАРД life
Хороскоп

Лавот во конфликт со авторитети, Водолијата со добри аспекти за љубов, Вагата ја „фаќа“ замор

Што предвидуваат ѕвездите за петок, 18 август 2023 година:

ОВЕН

Работа: Многу од денешните активности ги сведувате на минимум. Ви недостигаат и сила и мотивација. Една од причините за таквата состојба е органска по природа.

Љубов: Бидејќи ѕвездите диктираат динамика, одмор, движење, релаксација – слушајте ги нивните совети. Добра компатибилност со Вага.

Здравје: Одлично.

БИК

Работа: Размислувате за претстојната недела и новите задачи што си ги поставувате. Кој ве разбира, лесно ќе соработува со вас.

Љубов: Изливот на страст може да ве доведе во состојба на блага и лесна возбуда. Тоа во основа ве радува. Го сакате тоа чувство. Сигурни сте во личноста со која сте.

Здравје: Почитувајте го барањето на телото. Тоа вели дека сте уморни.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Сакате да доминирате. Немате можност денес да се свртите кон таков вид на соработка.

Љубов: Пријатен ден за ново познанство. Ако сте во брак, тогаш ќе имате таен состанок. Станува збор за лице од странство.

Здравје: Проблеми со колената.

РАК

Работа: Ве интересираат работни места кои се мистични. Можеби сте во езотеризам или некое алтернативно лекување. Одличен енергичен ден.

Љубов: Ќе имате емотивна романса со една Риба. Ќе биде многу трогателно и за двајцата. Размислувате за брак.

Здравје: Чувствителни на желудникот или жолчката.

ЛАВ

Работа: Можна е желба да се спротивставите на авторитет и да се борите против ограничувањата на слободата. Сигурно нема да го трпите тоа. Вие сте независни.

Љубов: Можна средба или патување во друга земја, секако е голема инспирација за вас. Само да има некоја динамика.

Здравје: Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа: Никогаш не сте сами кога работите, освен кога тоа лично го сакате. Сите се тука да скокаат, да помогнат, да поттикнат некоја нова идеја

Љубов: Споделувате искуства со другите, треба да научите нешто ново во љубовните врски. Добра комуникација со Стрелец.

Здравје: Задоволително.

ВАГА

Работа: Упорно се спротивставувате на нов проект кој изгледа прилично досаден и без некоја поголема инспирација. Правите грешка, ставете се во движење

Љубов: Мал детал во разговорот со саканата личност може да ви го промени животот. Влегувате во неволја без причина.

Здравје: Заморот и лошото здравје се поврзани со хронични проблеми.

СКОРПИЈА

Работа: Правите големи и долгорочни планови. Тоа е навистина добро за вас, бидејќи ќе трае и ќе им служи на другите што доаѓаат.

Љубов: Се уште се чувствувате напнати. Како нешто да ви притиска во градите и да ве прави нервозни. Веќе се помиривте со оваа состојба. Разговарајте со вашиот партнер.

Здравје: Ослободете се од лошата енергија преку спорт.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Кога Месечината е во Бик, мора да го правите она што го сакате. Креативни сте и добро заработувате. Се подготвувате за пат.

Љубов: Ги решавате туѓите проблеми без поголеми непријатности. Посветите се на себе. Заштедете ја вашата енергија за саканата личност.

Здравје: Црниот дроб или жолчката може да бидат многу проблематични за вашиот знак.

ЈАРЕЦ

Работа: Одличен ден доколку планирате да се свртите на работа во странство. Сигурно ќе бидете некој кој прави одлични деловни резултати.

Љубов: Ве интересира еден Овен. Живее во друга земја, а ако знакот е Вага, тогаш тоа може да биде голема љубов

Здравје: Се чувствувате добро.

ВОДОЛИЈА

Работа: Сериозни сте и одговорни, бидејќи околностите тоа го бараат од вас. Околината конечно се увери дека секогаш може да се потпре на вас, иако делувате малку несериозно.

Љубов: Ништо без весели Близнаци, интересна Вага или насмеан Овен. Има добри аспекти за љубов.

Здравје: Добро се чувствувате.

РИБИ

Работа: Иако понекогаш претерувате во некои барања на вашите соработници, на крајот секогаш сте љубезни, попуштате и се согласувате.

Љубов: Ништо сериозно. Само ако сте сингл тогаш ќе запознаете Бик или Девица кои од корен може да ви го променат целиот живот.

Здравје: Сакате да ги чувате грижите за себе.

Поврзани вести

Родените во овие 3 знаци ги нервираат сите околу себе

Urednik

Најдобрите хороскопски детективи: Го забележуваат секој детал

Urednik

Кој ќе менува партнери „како чорапи“ во 2024 година?

Urednik