СТАНДАРД life
Шоубиз

Ал Пачино (83) и Нур (29) прошетаа заедно: Парот пред два месеци го доби синот Роман

Ал Пачино (83) и неговата млада девојка Нур Алфала (29) неодамна добија дете и ја шокираа целата јавност, а парот сега е фотографиран во ретко излегување.

Тие биле „уловени“ пред италијански ресторан во Менхетен, Њујорк.

Легендарниот актер за оваа пригода облече сив костум, а неговата партнерка се одлучи за спортска модна комбинација. Носеше хулахопки, јакна, а лицето го покри со очила за сонце.

Како што пишува Page Six, парот не бил во ресторанот за оброк, туку поради бизнис соработка на актерот. Имено, Пачино ќе глуми во спот на Bad Bunny.

Во јуни, двојката доби дете, и го нарекле Роман.

Да потсетиме, Нур на 22 години го бакна Мик Џегер (79), неколку месеци подоцна беше фотографирана на вечера со Клинт Иствуд (93), се дружеше и со милијардерот Николас Бергруен (61), а последната година филмската продуцентка е во врска со актерот Ал Пачино, кој е постар од нејзиниот татко.

Поврзани вести

🎬Незгодно прашање за Дикаприо поставено до млада актерка ја шокира јавноста

Urednik

Режисерката на „Барби“ ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал во 2024 година

Urednik

📸Сопругата на Роби Вилијамс хоспитализирана по ноќно излегување

Urednik