СТАНДАРД life
Шоубиз

Ал Пачино (83) и Нур (29) прошетаа заедно: Парот пред два месеци го доби синот Роман

Ал Пачино (83) и неговата млада девојка Нур Алфала (29) неодамна добија дете и ја шокираа целата јавност, а парот сега е фотографиран во ретко излегување.

Тие биле „уловени“ пред италијански ресторан во Менхетен, Њујорк.

Легендарниот актер за оваа пригода облече сив костум, а неговата партнерка се одлучи за спортска модна комбинација. Носеше хулахопки, јакна, а лицето го покри со очила за сонце.

Како што пишува Page Six, парот не бил во ресторанот за оброк, туку поради бизнис соработка на актерот. Имено, Пачино ќе глуми во спот на Bad Bunny.

Во јуни, двојката доби дете, и го нарекле Роман.

Да потсетиме, Нур на 22 години го бакна Мик Џегер (79), неколку месеци подоцна беше фотографирана на вечера со Клинт Иствуд (93), се дружеше и со милијардерот Николас Бергруен (61), а последната година филмската продуцентка е во врска со актерот Ал Пачино, кој е постар од нејзиниот татко.

Поврзани вести

Мишел Фајфер станa баба: „Не го очекував тоа“

Urednik

Анџелина Џоли откри поради која улога речиси се откажала од глумата

Urednik

Шварценегер приведен на царина во Минхен: Платил казна од 35.000 евра за часовник од 20.000

Radmila Tasevska