Водителот Огњен Амиџиќ по разводот со манекенката Даниела Димитровска извесно време беше сингл, а потоа започна романса со колешката Мина Наумовиќ која му ја врати насмевката на лицето.
Иако се заедно неполна година, колку е сериозна нивната љубов говори фактот што четиринаесет години помладата новинарка веќе се вселила во станот на Амиџиќ. Освен што живеат и работат заедно, Огњен и Мина често патуваат заедно, а со своите следбеници на Инстаграм споделуваат фотографии од патувањата. И токму таму водителот откри дека би сакал наскоро повторно да стане татко.
Имено, еден од следбениците го прашал водителот дали би сакал да добие ќерка, на што Огњен искрено одговорил.
– Искрено, навистина, навистина би го сакал тоа, мислам дека тоа е нешто што навистина ми недостасува. Ќе ме израдува целосно, ќе внесе нова димензија на се – откри Амиџиќ
За потсетување, Огњен Амиџиќ во бракот со Данијела го доби синот Матија, а очигледно е дека наскоро повторно ќе стане татко, се надеваме на девојче, како што и самиот посакува.