СТАНДАРД life
Стил

Најпопуларни нијанси на лакови за нокти за зима

Колку и да не ни се сака да дојде зимата дефинитивно веќе е на пат да дојде.

Ниските температури, брзото заминување на сонцето и непријатностите при патување се дел од непријатните фактори, приложени од студените месеци.

За сметка на тоа, зимскиот сон дефинитивно не е вистинското решение, дури и напротив. Грижата за надворешниот изглед треба да биде постојана.

Искористете ги предностите од големата разновидност во боите лакови за нокти и експериментирајте.

Изборот на бои е еден од најважните за добар маникир кој ќе ги привлече сите погледи.

Нудиме неколку опции кои се исклучително популарни за сезоната.

Орхидеи

Мешавината помеѓу свежо виолетова и розова се користи како за додатоците и облеката, така и ноктите. Светлата боја е одличен начин да го разбие сивилото во секојдневниот живот и студената палета на сезоната.

Една од најголемите квалитети на заситената орхидеја е дека оди на речиси сите други бои и е совршена за сите типови кожа. Дефинитивно е нијанса која треба да ја пробате оваа зима.

Неутрални бои

Моќта на неутралните бои е во тоа дека трпат секакви комбинации со бои. Можете да ги користите самостојно, ако сакате визуелно да ги издолжите прстите и ноктите, или како основа за интересни и нестандардни цртежи и шеми.

Ексклузивни фанови сме на вечната класика од беж со златно – начин да се интерпретира трендот за метален сјај во маникир.

Сива

Голуб-сивата е многу суптилна боја која во вистински раце се претвора во уметност. Најхрабрите можат да се потпрат на него, ако сакаат да ја покажат својата дрскост. Покрај тоа, графит-сивата е добра алтернативна замена на црната боја, која дефинитивно не е многу погодна за официјален дрескод во канцеларија или бизнис средба.

Поврзани вести

Бекам „падна“ на бизарните чизми кои го поделија модниот свет (ФОТО)

Urednik

📸 Мајли ги привлече погледите на Греми со овој фустан: Дизајнерот работел на него 675 часа

Radmila Tasevska

📷Кери Бредшо сака штикли, но ниту таа не можеше да одолее на овие култни патики

Urednik