15.8 C
Скопје
18 септември, 2024
СТАНДАРД life
Шоубиз

Кетрин Мидлтон ја пронајде совршената боја за да ја освежи својата гардероба (ФОТО)

Кетрин Мидлтон го посети Универзитетот Нотингем Трент за да разговара за важноста да се грижи за менталното здравје на младите на почетокот на новата академска година. Принцезата од Велс во Ист Мидлендс ја пречека толпа луѓе кои сакаа да ја поздрават и да се фотографираат со неа.

За посета на Универзитетот Нотингем Трент, Кетрин Мидлтон избра беспрекорна модна комбинација во неутрални беж, бели и кафеави тонови. Таа носеше беж комплет ребрести плетени од францускиот бренд Sezane, составен од фин пуловер и здолниште со миди должина.

Ракавите на пуловерот се украсени со големи кафени копчиња, а комплетот е изработен од мерино волна и органски памук, што овозможува исклучителна удобност при носењето и пријатно чувство на кожата. Аутфитот кој зрачи со свежина и елеганција која не се откажува од удобноста на принцезите од Велс, беше комплетирана со штикли од британскиот бренд Russell and Bromley.

Кетрин носеше класичен модел на салонки со висока тенка потпетица изработена од брусена кожа во потемна беж нијанса. Стајлингот го заокружи со кожна чанта од британскиот бренд Tusting, моделот Mni Holly, чиј винтиџ дизајн е инспириран од чантите кои се носеле во 1950-тите.

Поврзани вести

Вистинска холивудска приказна: Го сними „Барби“, доби дете и сега – се омажи

Urednik

📸 Оскаровката Хилари Свонк ги откри необичните имиња на близнаците

Radmila Tasevska

📸 Канје Вест објави нова фотографија од сопругата, луѓето се изненадени: „Конечно се облече“

Radmila Tasevska