СТАНДАРД life
Шоубиз

Вистинска холивудска приказна: Го сними „Барби“, доби дете и сега – се омажи

Откако постигна огромен успех со режијата на филмот „Barbie“, кој е во потрага по значителен број Златни глобуси и Оскари, Грета Гервиг ја круниса својата година од соништата – со свадба!

На самиот крај на 2023 година, Гервиг се омажи за Ноа Баумбах, со кого беше во врска 12 години. Парот решил да направи мала церемонија во Градското собрание во Њујорк, а се поминало без помпа, а деталите од венчавката остануваат скриени.

Грета и Ноа се запознале на сетот на филмот „Greenberg“ во 2010 година, на кој Баумбах го режираше и пишуваше заедно со тогашната сопруга Џенифер Џејсон Ли.

Со Гервиг стапи во врска во 2011 година, а парот имаше два сина, во 2019 и 2023 година, а соработуваа во филмовите ‘Barbie’, ‘Frances Ha’, ‘Mistress America’ и ‘White Noise’.

Иако славниот режисерски пар успешно ги држи децата подалеку од очите на јавноста, Гервиг неодамна во интервју за Elle откри како се справува со улогата на мајка.

„Моето бебе е вистински мудрец, пука од енергија. Иако таа спие цела ноќ, јас сепак се будам секој час само за да ја погледнам. Спијам помалку, па сум во малку полоша состојба“, искрено признала таа.

Режисерката на „Барби“ ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал во 2024 година

Поврзани вести

Кевин Бејкон и Кира Сеџвик прославуваат 35 години брак

Urednik

Брук Шилдс итно хоспитализирана во септември, покрај неа бил Бредли Купер

Urednik

„Роки“ требаше да биде многу поинаков, еве зашто е сменето првото сценарио

Radmila Tasevska