СТАНДАРД life
МК Сцена

Нино Леви стана пензионер

Македонскиот актер Нино Леви од денеска и официјално стана пензионер, соопштија од Македонскиот народен театар.

„Нино Леви од денес е само формално пензионер. Но, актерот никогаш не ги остава театарот, сцената и штиците што живот значат. Нино Леви по неверојатните 34 години поминати во својот матичен МНТ и 53-те одиграни улоги (речиси сите во неговиот МНТ), останува засекогаш во нашите срца, но и понатаму како дел од МНТ со актуелните улоги во претставите кои се на тековниот репертоар“, соопштија од МНТ.

Поврзани вести

Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија

Urednik

Урбан ФМ – Радиото што „зрачи македонски“ започнува нова сезона со свежи идеи

Urednik

Јон Вардар повторно во Бразил

Urednik