СТАНДАРД life
Шоубиз

„Можно е нешто да тргнало наопаку“: Зошто принцезата ќе биде во болница 14 дена?

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон од завчера е во лондонската болница (The London Clinic), каде ѝ била извршена операција на абдоменот, соопштија од Кенсингтонската палата, додавајќи дека операцијата била успешна и дека сопругата на принцот од Велс ќе остане во болница од 10 до 14 дена.

Кејт Мидлтон се чувствува добро по операцијата, соопштија добро упатени извори од Палатата. По успешната операција, закрепнувањето оди добро. Таа не била итно пренесена во болница и нејзината состојба не се развила ненадејно во текот на викендот, според извештаите.

Не е јасно каква е точната природа на операцијата, Палатата не сака да открие никакви детали на темата. Сепак, не е исклучена можноста и самата принцеза во иднина да одлучи јавно да зборува за тоа.

Мислење на лекари

Генералниот лекар Зои Вилијамс за The Sun изјави: „Ова може да биде нешто што ја мачело цел живот и немала време да се справи со тоа или може да биде проблем што неодамна излегол на виделина.

„Две недели во болница се подолго отколку што вообичаено би очекувале, но таа нема обичен живот. Таа е идната кралица, па лекарите се екстра внимателни. Сите се надеваме дека е нешто ситно и дека операцијата била едноставна, но претпазливоста е мудра одлука. Со ништо медицински никогаш не можете да бидете целосно сигурни како ќе се одвиваат работите“, вели Вилијамс.

Додава дека е најважно принцезата да има доволно време да се опорави.

Докторката Дебора Ли од Dr Fox Online Pharmacy исто така се огласи и изјави за The Express: „По абдоминалната операција, повеќето пациенти остануваат во болница четири до седум дена. По лапароскопската операција, ова се намалува на два до четири дена“.

„Се зависи од тоа што точно е направено. Ако пациентот треба да биде на интензивна нега, престојот во болница веројатно ќе биде значително подолг. Може да потрае два месеца или подолго пред пациентот да се чувствува удобно и да може да се движи нормално“, истакна таа.

Родителите на Кејт Мидлтон, Керол и Мајкл Милдтон, како и сестрата Пипа и братот Џејмс Милдтон, се подготвени да се соберат и да помогнат за време на нејзиното закрепнување во нивниот дом во Виндзор. Принцот Вилијам ги одложи сите официјални обврски и се грижи за децата.

Поврзани вести

📸 По гласините за раскинување, Том Брејди и Ирина Шајк забележани во автомобил и на приватна забава

Radmila Tasevska

Името на Тејлор Свифт повеќе не може да се пребарува на X: „Ова го направивме заради безбедност“

Radmila Tasevska

Џенифер Лоренс ги полудувала актерите на снимањето на „The Hunger Games“ поради една причина

Urednik