СТАНДАРД life
Стил

📸Во ласкав фустан инспириран од 80-тите: Прекрасната Моника Белучи предизвика возбуда на гала вечерата

Заедно со француската дива Изабел Ипер, новото издание на гала-вечерата Сидакшн во Париз го одбележа и прекрасната Моника Белучи.

Италијанската дива по доделувањето на наградите Еми се врати во Париз, каде на црвениот тепих се појави со новиот партнер, познатиот филмски режисер Тим Бартон.

Како и тогаш, во нејзиното издание во француската престолнина на модата доминираше омилената црна боја. Овој пат го истакна со кадифено фустанче, со деколте во V и детал на нагласени раменици во манирот на 80-тите. Креацијата за која се одлучи Моника може да се пофали со ласкавиот ефект кој го постигнуваат наборите на ткаенината во долниот дел.

Како што се дознава, станува збор за фустан со потпис на францускиот дизајнер Alexandre Vauthier, кој занесната Италијанка го носеше со вртоглаво високи потпетици од лакиран сјај, но и со пристојни обетки од брендот Cartier, за кои таа се однесуваше како заштитно лице многу години.

На неодамнешното доделување на Еми наградите, 59-годишната актерка изненади со моден пресврт, појавувајќи се во смокинг на Саинт Лаурент кој целосно отстапува од сензуалните фустани во кои сме навикнати да ја гледаме на свечените настани.

Поврзани вести

📸 Дакота Џонсон на премиерата на „Мадам Веб“ се појави во проѕирен фустан од сребрени ланчиња

Radmila Tasevska

(ГАЛЕРИЈА) Нов почеток за познатиот бренд: „Victoria’s Secret“ собира легендарни ангели

Urednik

Додека Џорџ Клуни не ја пушта раката на Амал, таа повторно импресионира со својот стајлинг

Urednik