СТАНДАРД life
Шоубиз

Шерон Стоун проговори за нејзиниот конфликт со Мајкл Даглас, тој негира сè

Новите откритија на Шерон Стоун фрлија сосема нова светлина врз односот меѓу неа и Мајкл Даглас пред почетокот на снимањето на култниот филм „Основен инстикт“. Во неодамнешното интервју за Business Insider, актерката откри дека таа и Даглас се скарале јавно непосредно пред да се појават заедно пред камерите, што, според неа, речиси ја загрозило нејзината улога во култниот еротски трилер.

Иако филмот е снимен уште во 1992 година, Шерон Стоун дури сега одлучи да сподели некои детали со јавноста. Таа тврди дека имала конфликт со Мајкл Даглас за време на Канскиот филмски фестивал, каде јавно бранела пријател за кого познатиот актер зборувал негативно.

„Неколкумина од нас седеа наоколу, а тој зборуваше за некого и неговите деца. Го познавав добро, па се вмешав. Даглас ми извика: „Што, по ѓаволите па ти знаеш?“, се присети Шерон Стоун, додавајќи дека нејзината реакција била „активатор“, по што таа се соочила со него и му предложила да „излезат надвор“.

Таа тврдеше дека му објаснила дека е блиска со личноста за која зборува и на крајот се разделиле мирно, иако, според неа, ова оставило отпечаток врз ставот на Даглас за неа како потенцијален партнер во филмот.

„Кога започна потрагата по главната женска улога, почувствував дека Мајкл не сака да му бидам партнерка“, рече познатата актерка. Иако искуството останало во нејзиното сеќавање, Стоун нагласува дека не дозволила ова да ја вознемири за време на снимањето: „Не се вознемирував ако ми викаше. Всушност, тоа помогна во динамиката на нашите ликови. Мајкл има темперамент, а мене не ми беше гајле. На крајот, станавме одлични пријатели.“

Сепак, Даглас ја гледа целата приказна сосема поинаку. Неговиот портпарол накратко изјави за Page Six дека познатиот актер „нема сеќавање“ на наводната расправија или дека ја познавал Стоун пред снимањето на филмот.

„Мајкл Даглас не се сеќава на никаква средба или расправија со Шерон Стоун пред пробното снимање. Кога ја видел, веднаш знаел дека таа е вистинскиот избор“, изјавиле тие. Тимот на Даглас тврди дека нивната прва вистинска средба се случила за време на официјалните промоции на филмот во Кан во 1992 година, по што тие станале пријатели.

Интересно е што Стоун откри и дека добила само 500.000 долари за нејзината култна улога како писателката на криминалистички филмови Кетрин Трамел, додека Даглас собрал дури 14 милиони долари за улогата на детективот Ник Куран. Таа додаде и дека за време на снимањето претрпела непочитување од некои членови на екипата, кои честопати ја нарекувале со погрешно име, што, признава таа, длабоко ја погодило.

Поврзани вести

Џејми Фокс и се извини на еврејската заедница за антисемитскиот пост

Urednik

📸Сопругата на Бруклин Бекам позира гола, тој веднаш реагираше на експлицитната фотографија

Urednik

📸 Кање Вест ја фотографирал полугола сопругата: Објавил се на Инстаграм

Radmila Tasevska