СТАНДАРД life
МК Сцена

По пауза од 6 години, Пиколомини се враќа на сцена со нов музички материјал

Оваа сабота, со почеток од 12 часот во музичката продавница Ре:старт во ГТЦ, Шарла рекордс организира отворена слушачка промоција на петтиот албум на македонскиот соло проект Пиколомини – Може и така, драги.
По пауза од 6 години, Пиколомини се враќа на сцена со музички материјал подготвуван внимателно и со лирска линија која прецизно го одразува духот на времето. Стилска шареноликост и критички став исполнет со иронија и меланхолија, испреплетени моменти на лична интроспекција, романтично-надреални разговори со Скопје, но и многу нежност во комуникацијата со време-просторот од кој постојано нѝ заминуваат најдрагите. Со нив и здравиот разум, малку по малку. Во свет на општа конфузија на реалноста и кога секој произволно си ја конструира сопствената верзија, прашањето што овој албум реторички го поставува е – може ли и така?
Комплетен автор на материјалот е Давид Ангелевски, кој го потпиша и албумскиот дизајн, а пост-продукцијата е работена во студио Кларион од страна на Дејан Ангелевски.
Албумот ќе биде достапен на компакт диск во дигипак формат, во строго ограничен тираж. Истиот може да се преслуша и симне во дигитална верзија од Bandcamp профилот на Шарла Рекордс.

Поврзани вести

Вечерва „Get EXITed“ забава во организација на тимот на EXIT

Urednik

Доделени наградите на 24 CINEDAYS Фестивал на европски филм

Urednik

Камиказа се потсети на „Трст виa Скопје“

Urednik