СТАНДАРД life
Фото: Леана Таќи
МК Сцена

Леана Таќи објави нова песна, како најава за својот прв соло албум

Денес, петок, 24 октомври, Леана Таќи (Леа) објави нова песна со видео, како најава за
својот прв соло албум.

„Многу добро се сеќавам на моментот кога ја добив идејата за „Чекање“. Имав предавање
во Штип и возејќи, забележав дека на автопатот има невообичаено голем број на
прегазени животинки – меѓу нив, голем број кучиња и мачиња, некои и со каивчиња околу
вратот. Наредно предавање доаѓа, уште лежат таму. За целото тоа време ме мачи една
мисла: „Ц ц ц, некој ги чека да се вратат дома“. Тоа е една посебна емоција, кога чекаме
некој да си дојде, а не знаеме дали доаѓа,“ напиша таа.

Леа на љубителите на музика им е позната по долгогодишните настапи во живо, а беше дел
од бендот Ај Кју, бендот АнтиарТ, како и соработки со други имиња од нашата музичка
сцена. Неодамна дипломираше на отсекот по Џез пеење на Музичката академија при УГД,
Штип.

Таа е автор и текстописец на песната, а на неа свират Виктор Николовски на бас
гитара, Никола Петровски (Џими) на гитара, Стефан Илиевски (Лорд) на пијано и Емил
Спирковски на тапани. Аудио микс и мастеринг на песната направи Дамир Пух од ГринРум саунд студио (GreenRoom Sound Studio). Песната е достапна на YouTube, како и на сите
стриминг платформи.

Поврзани вести

🎥„Пијана” – песната со која Дани Димитровска се врати на Макфест

Urednik

Гарванлиев: Најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија

Urednik

Котевска ќе се претстави со два филма на Венецијанскиот филмски фестивал

Urednik