СТАНДАРД life
Фото: Неми Филмови
МК Сцена

Две нови награди за „Неми Филмови“ на Господиновски

Анимираниот филм „Неми Филмови“ на Крсте Господиновски, минатата недела освои две нови награди на меѓународни фестивали, наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на „Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн“ во Кемерово, Русија и „Почесно признание“ на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ“ кој се одржува во Тајпеј, Тајван.

Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на престижниот ТИАФ кој се одржува во Тајчунг.

Во септември филмот ги освои Гранд При наградата на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм Аниматор Фест“ во Јагодина и наградата од домашната публика на „Меѓународниот фестивал за краток филм Ѕирни“ во Скопје.

Од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, Неми Филмови досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено 7 награди.

Филмот е во продукција на Фокус Покус Филм и во копродукција на Флипбук Продакшнс, а е поддржан од Агенцијата за филм на Република С. Македонија.

Поврзани вести

„Андерфест 7“ – алтернативниот рок фестивал се враќа со уште поголема енергија!

Urednik

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Radmila Tasevska

Временска машина и магично Wine&Dine кабаре шоу во Скопје

Radmila Tasevska