СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/Дејли мејл
Шоубиз

Поради користењето на наркотици: Парис Џексон има дупка во носот

Парис Џексон има потсетник на нејзините години употреба на дрога – буквално. Ќерката на Мајкл Џексон откри дека нејзините години употреба на дрога ѝ оставиле дупка во носот.

Во текот на викендот, 27-годишната пејачка и модел објави на социјалните мрежи дека има перфориран септум – дупка во ‘рскавицата што ги одделува двете ноздри.

„Да, точно е она што мислите дека е. Не се дрогирајте, деца“, напиша Парис.

Според неа, повредата датира од кога имала околу 20 години.

„Дупката е толку голема што би можела да ставам шпагети низ неа од едната на другата страна“, призна таа, одржувајќи го своето препознатливо мрачно чувство за хумор.

Сепак, Парис категорично одбива операција.

„Ќе морам да земам лекови против болки и не сакам да се справувам со такви работи“, објасни таа.

Во јануари оваа година, пејачката сподели на Инстаграм дека слави пет години трезвеност – повеќе не користи дрога и не пие алкохол.

Поврзани вести

(Фото+видео) Почина легендата на реге музиката, творецот на „Хакуна Матата“ од „Кралот лав“

Urednik

(Видео) Што правеа! Сите ги гледаа Џорџ и Амал Клуни како се вртат во круг среде Милано

Urednik

Ким Кардашијан се огласи во врска со војната во Израел (ФОТО)

Radmila Tasevska