СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Инфлуенсерка загина паѓајќи од зграда: Претходно полицијата била во нејзиниот стан

Трагична судбина ја снајде оваа недела бразилската бодибилдерка и инфлуенсерка Дијана Ареас (39), која ја следеа над 200.000 луѓе на Инстаграм, откако почина по пад од повеќекатна зграда во Рио де Жанеиро, како што објавија американските медиуми повикувајќи се на локални извори.

Според пишувањето на „Њујорк пост“ и „Пипл“, нејзиното тело било пронајдено пред станбениот комплекс „Јуник тауерс“. Неколку часа пред тоа, полицијата интервенирала во нејзиниот дом, каде што ја пронашле со исекотини на телото, по што била хоспитализирана.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Нејзиното тело подоцна било пронајдено во заедничкиот простор во станбениот комплекс „Јуник тауерс“ во Кампос дос Гојтаказес, североисточно од Рио де Жанеиро, Бразил.

Меѓутоа, Ареас ја напуштила болницата пред официјалното отпуштање, јавуваат бразилските медиуми. Властите сè уште не објавиле дополнителни детали за околностите на нејзиниот пад.

Портпаролот на болницата, Фереира Мачадо, потврдил дека Дијана ја напуштила болницата без дозвола, а нејзиното тело е пренесено во Институтот за судска медицина во Кампос околу 12:30 часот. Полицијата ја истражува причината за нејзината смрт.

Откако беше објавена веста за нејзината трагична смрт, бројни следбеници оставија пораки на нејзините профили на социјалните мрежи. „Боже мој! Останав без зборови! Какво тешко време… неверојатно“, напишал еден следбеник, додека друг коментирал: „Денес нашата професија загуби една одлична нутриционистка. Жена која со своето знаење, грижа и страст ги обележа животите на многумина. Нека Бог го  утеши нејзиното семејство и сите што ја познаваа.“

Еден корисник напишал: „Не можам да верувам дека си заминала. Почивај во мир, убавице.“ Друг додал: „Жал ми е, повеќе нема да го имаме твојот гениј!“ Трет коментирал: „За оние кои не знаеја, Дијана не беше само убава, спортистка и нутриционистка, таа беше супер мајка и исклучително паметна!“

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Кон крајот на септември, Ареас споделила неколку фотографии со својот партнер од неодамнешно патување, со пораката: „Живееме и поминуваме низ многу работи заедно, како двојка. И знаете што е најдобро? Секој ден се избираме одново еден со друг! На нашата љубов не ѝ треба излог, но овие посебни фотографии не можеа само да останат само во фотогалеријата на телефонот.“

Минатата недела таа ги промовирала своите фитнес програми, а веста за нејзината смрт силно одекна во фитнес заедницата низ целиот Бразил, каде што Ареас беше многу почитувана поради својата стручност, посветеност и содржина со која ги мотивираше другите да бидат активни. Нејзините социјални мрежи моментално се заклучени.

Поврзани вести

Ги одложи сите концерти: Знаете ли од што боледува Брус Спрингстин?

Urednik

Бритни Спирс откри дека татко ѝ бил алкохоличар

Radmila Tasevska

Вистинска холивудска приказна: Го сними „Барби“, доби дете и сега – се омажи

Urednik