СТАНДАРД life
Шоубиз

Нови обвиненија против Шон Диди Комбс за сексуални злоставувања, сега го тужи продуцент

Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес соопшти дека истражува нова тужба за сексуален напад против хип-хоп могулот Шон Диди Комбс.

Диди во моментот отслужува четиригодишна затворска казна во Њу Џерси откако претходно оваа година беше осуден во федералната постапка поради обвиненија поврзани со проституција.

Новата пријава доаѓа од неименуван музички продуцент и публицист од Флорида, кој тврди дека се запознал со Комбс во текот на фотосесија во магацин во Лос Анџелес во 2020 година.

Според полицискиот извештај што го виде NBC, продуцентот тврди дека Комбс почнал да мастурбира под кошулата за време на снимањето, потоа целосно се соблекол и му рекол да „му помогне“.

Продуцентот наводно не реагирал, а Комбс продолжил со своето непристојно однесување пред да му ја фрли маицата, се наведува во документот.

Според полицискиот извештај во кој увид имала телевизијата „Ен-би-си“, продуцент тврди дека Комбс почнал да мастурбира под кошулата во текот на снимањето, потоа целосно се соблекол и му рекол да „му помогне“.

Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес соопшти дека во петокот добила официјална копија од извештајот од полицијата на Флорида и ќе спроведе истрага за наводите.

Во пријавата исто така се опишува и настан од март 2021 година, кога, според тврдењата на обвинителот, двајца мажи му ставиле навлака преку главата, по што Комбс влегол во собата и го нарекол доушник, пренесува „Ен-би-си“.

Комбс во јули беше прогласен за виновен за организирање патувања на своите девојки и машки сексуални работници низ земјата за да учествуваат во средбина кои се продавала и дрога во текот на неколку години и на повеќе локации.

Меѓутоа, тој беше ослободен од обвиненијата за трговија со луѓе иза  рекетирање, коишто можеа да го испратат во доживотен затвор.

Според пресудата, Комбс треба да биде ослободен во мај 2028 година, но може да ја скрати казната со учество во програми за лекување од зависност и други затворски програми.

 

Поврзани вести

Принцот Хари ги откри омилените серии што ги гледа со Меган Маркл: Изборот ги изненади многумина

Urednik

📷Хали Бери гордо ја покажа својата фигура на 57 години

Urednik

Се појавија шокантни тврдења за здравствената состојба на Мадона: Пејачката оживеала со лекови за предозирање

Radmila Tasevska