Популарната пејачка Дуа Липа направи пауза од својата бразилска турнеја „Радикален оптимизам“ за да се опушти, а фотографите ја снимија во издание кое ги воодушеви обожавателите.
Британската пејачка ао албанско потекло уживаше на базенот на покривот на луксузен хотел со пет ѕвезди во Рио де Жанеиро, само неколку дена пред нејзиниот настап во Фармаси Арената.
Пејачката беше фотографирана во црно-жолто бикини, кое ги искомбинирала со соодветно парео. Целиот изглед го комплетирала со црни очила за сонце и ја оставила својата препознатлива долга црна коса да ѝ паѓа по грбот додека се опуштала на лежалка.
View this post on Instagram
Вечерно излегување
Претходната вечер, Липа избрала подеднакво впечатлива комбинација за вечера во ресторанот „Брасеиро да Гавеа“. Таа воодушевила во зелен корсет со детали што ги комбинирала со фармерки. Кога подоцна го напуштила популарниот ресторан, мноштво обожаватели се собрале за да ја видат поп-ѕвездата пред нејзиниот голем настап во саботата.
View this post on Instagram
Успех во Сао Паоло
Минатата недела, Липа ги освои и обожавателите во Сао Паоло, каде што настапи пред преполн стадион „МорумБИС“, изведувајќи ги своите најголеми хитови.
„Сè што направивме беше да танцуваме во Сао Паоло“, напишала таа подоцна покрај низата фотографии од нејзиниот краток престој во градот. Меѓу објавените фотографии била и онаа на која таа позира на балконот од нејзината хотелска соба во мини фустан со леопардски принт.
View this post on Instagram
