СТАНДАРД life
Шоубиз

Стрип и Сејфрид ги открија своите барања да се вратат во хит мјузиклот Mamma Mia

Мерил Стрип и Аманда Сејфрид открија дека би сакале да работат на мјузиклот Mamma Mia 3, но само доколку се исполнат одредени услови, пишува Deadline.

„Отворена сум за се“, рече Стрип за време на едно неодамнешно интервју. „Ќе морам да одам на операција на коленото пред снимањето, но доколку има идеја што ми звучи интересно, дефинитивно сум подготвена за соработка“.

Во првиот и вториот дел од мјузиклот, Стрип ја играше Дона, сопственичка на хотел во Грција и мајка на протагонистката Софи, која ја игра Сејфрид. Откако Дона почина од рак во второто продолжение, „Mamma Mia! Here We Go Again“, Стрип рече дека ќе глуми во третиот филм само доколку продуцентот најде добра причина за нејзиниот лик да се врати.

„И реков на продуцентката Џуди Крејмер дека ако сфати како да ја реинкарнира Дона, ќе се вратам во третиот дел“, рече Стрип. „Дона може да се врати и да каже дека не починала таа, туку нејзината сестра близначка, како во една од тие сапуници“, се пошегува легендарната актерка.

Крејмер имаше други предлози. „Сè уште не знаеме што се случи со верзијата на Дона на Лили Џејмс. Или што се случува со Дона и Сем по првиот филм“.

Аманда Сејфрид изјави дека најголемиот проблем на третото продолжение е буџетот.

„Никој не вели не, но и некој не вели да“, рече Сејфрид. „Ако бидам искрена, луѓето кои ги влечат конците веројатно не можат да си дозволат. Мразам да го кажам ова бидејќи знам дека би работела на Mamma Mia 3 бесплатно, но ние едноставно не сме во таква индустрија. Имам чувство дека третиот филм ќе се сведе на тоа, дали студиото добро ќе ни плати“.

Претседателката на Universal Pictures, Дона Ленгли, рече дека студиото би сакало да работи на трет филм, но не даде детали.

Поврзани вести

Хелен Мирен го откри трикот кој и помогнал да остане приземјена во Холивуд

Urednik

📷Тејлор Свифт го помина Божиќ на НФЛ натпревар

Urednik

📸 Канје Вест ги извади сите заби и ги замени со титаниумска протеза која чини 850.000 евра

Radmila Tasevska