СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
МК Сцена

Почина мајката на Перо Камиказа: Пејачот со емотивна објава се прости од неа

Музичарот и актер Петар Георгиевски – Камиказа утринава објави тажна вест, дека починала неговата мајка.

Тој во емотивна објава на својот профил на Фејсбук се збогуваше со својата мајка.

„Сабајлево во 6 и 15 престана да чука срцето на мајка ми. Мислам дека оваа слика е најсоодветна за нашата шест и пол децениска љубов. Од раѓaњeто до денес, беше мојата најголема поткрепа во сѐ… До последно чекаше да ми завршат сите поголеми овоземски обврски па да замине. Почивај во мир мој ангелу. Конечно со тато и дада ќе си кажувате разни догодовштини. Ги истажи и исплача и двајцата до последниот здив. Таму меѓу ангелите нека ти е светол патот мамичке. Во текот на денот ќе објавиме точно време кога ќе биде испратена во вечниот дом во Бутел“, напиша Перо.

 

Поврзани вести

(ВИДЕО) Ламбе ја испеа „Заветна“ на Големо Езеро

Urednik

„Џезтет“ – концерт на Георги Шаревски во Јавна соба

Urednik

Заврши IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show: Македонија седма светска сила во хип-хоп и стрит денс

Urednik