СТАНДАРД life
МК Сцена

Цветковски на „Нешто конкретно“: „Убав човек попрво ќе фати девојка отколку духовит”

Во првата епизода од новата сезона на „Нешто конкретно” една од гостите беше и поранешната на Кајмаковски со кого и јавно зборуваше дека не е во добри односи, па во емисијата Кристина Димитри на прашањето од водителката дали жената или мајката треба да го научи машкото да стане вистински маж одговори:

– „Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле тешко!” алудирајќи на тоа дека од дома доаѓа сè.
Продолжувајќи го разговорот таа образложи и дека не верува во тоа ако нејзиниот поранешен би бил во војска дека би се променил и додаде „Јас го препуштив во друго школо таму нека го учат”.

Во емисијата чија тема беше “„Дали да се врати воениот рок” гости беа и Гораст Цветковски, Владимир Четкар и Генералот Стојанче Ангелов.

Гораст раскажа дека дедо му „го расипал” со тоа што кога го регрутирале донел потврда дека ќе оди на факултет.

А имаше и оригинален одговор на прашањето зошто оние кои одлучуваат да одат на воена служба се викаат Питомци? Снеже алудираше на тоа дали се „диви” па се припитомуваат, а Гораст одговори дека Питомци доѓа од змијата Питон оти во војска одат само мажи (со питоните).

Генералот Стојанче Ангелов пак одговори дека е против присилно враќање на задолжителен воен рок потенцирајќи дека и денес постои доброволен воен рок ама војската мора да се направи атрактивна за да некој одлучи да се пријави. Раскажа и случка како кога бил командир ги терал војниците да пејат македонски песни со тоа борејќи се против турбо-Фолкот

Музичарот Четкар кој располага со извонреден хумор нагласи дека дисциплината и мотивацијата треба секој да си ја најде сам оти војската не може тоа да го направи за него.
А на прашањето што попрво би правел во војска – чистење тоалети или не менување долна облека повеќе од 5 дена, тој одговори: Мене рацете за уметност ми се, ќе си носам 5 дена чорапи и гашти – имат разни фетиши.

„Нешто конкретно” се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма телевизија.

Поврзани вести

Интервју со „Некст тајм“: Се уште со огромна љубов и елан сакаме да докажеме дека во Македонија број еден треба да биде македонското

Urednik

„Јон Вардар против галаксијата“ во петок доаѓа во киносалите

Urednik

📽Ивона Јо: Оваа песна е за едно време кога „себично” ја чував болката во себе и за себе

Urednik