СТАНДАРД life
МК Сцена

Дац и Александар ќе го вратат гласот на Бранка Станковска на нивниот концерт во петок

„Ќе почнеме со гласот на Бранка Станковска од стар радиоприемник, ќе ги слушнеме ‘златните славејчиња‘ – детскиот ѕвон на некогашно Скопје, ќе раскажеме некои работи и ќе вратиме некои рефрени кои мирисаат на Скопје. Така и го осмисливме, секој да може да дојде и да присуствува, секој да може да слушне и почувствува. И, реприза – нема“, најави Александар Митевски бо изјава за “СДК”

Бесплатниот концерт ќе се одржи во Скопје, на зелениот покрив на ГТЦ, в петок од 20:30 часот. Концертот е со наслов „Со љубов за Скопје“ и е по повод четири години постоење на дуото Дац и Александар.

Концертот е посветен на Скопје и скопјани како подарок од дуото, но и чекор за враќање на значањето на ГТЦ.

Прославата на роденденот на дуото ќе се одржи на прекрасната зелена градина на покривот на ГТЦ а влезот ќе биде слободен за сите. ГТЦ ќе ги обезбеди сите потребни услови за убаво музичко дружење со музичкото дуо.

Поврзани вести

Во Италија промовирано ново вино „Пред дождот“ инспирирано од филмскиот класик на Манчевски

Urednik

Камиказа се потсети на „Трст виa Скопје“

Urednik

Петто издание на Флипбук Филм Фестивал во Кинотека

Urednik