Талентираната Тина Русева од Струмица победи на музичкото натпреварувачко шоу „Гласот на Европа“ (The Voice of Europe), откако кон крајот на минататa година беше неприкосновена меѓу бројните кандидати на „Гласот на Германија“ (The Voice of Germany).
„Гласот на Европа“ е онлајн натпревар на кој Тина се квалификува благодарение на многуте гласови од нејзините обожавателите и поддржувачи.Тина успеа да добие над 40.000 гласови за 24 часа.
Гласањето се одвиваше онлајн, преку Инстаграм, каде Тина успеа да собере над 40.000 гласови во период од 24 часа. Односно како што сподели и самата – има најмногу гласови од публика.
Фановите гласаа со лајк на видео од првиот настап на Тина на „Гласот на Германија“, кога ја испеа „Do it Like a Dude“ од Џеси Џеј. За нејзиниот перфоманс многумина коментираа дека е подобра од оригиналот.
Натпреварувачите добиваа поени според бројот на онлајн гласови, како и поени од жири комисија.
Тина го освои првото место со вкупно 2.000 поени.
View this post on Instagram
Тина откри дека влегла во топ 6 на „Гласот на Германија“ на 8 јануари со објава на Фејсбук:
„Овој успех не е случаен! Тоа е резултат на заедничка енергија, доверба и љубов кон музиката. Секој глас што го добив, секоја порака и секој збор на поддршка ми покажаа дека овој пат не го одам сама. Луѓето препознаа искреност, емоција и вистина и токму тоа ми дава сила да одам понатаму, посилно и похрабро“.
