СТАНДАРД life
МК Сцена

Хрватска премиера на македонскиот филм „М“ на Пулскиот филмски фестивал

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинашното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал.

Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција „4Филм“ и Хрватскиот нацинален аудио-визуелен центар.

Филмскиот фестивал во Пула, со мотото „Филм под ѕвездите“, е еден од најстарите и водечките регионални фестивали. Основан во 1954-та година, овој настан континуирано се одржува до денес, со две откажувања во 90-тите, за време на воените превирања низ регионот. Започнат како смотра на најзначајните домашни остварувања од времињата на поранешна Југославија, во последните декади, програмата Пулскиот фестивал се трасформира и распределува во две натпреварувачки категории – за хрватска продукции и копродукции, како и интернационална селекција.

„М“ доби награда за најдобар филм на фестивал во Њујорк

Поврзани вести

Се породи Антониа Гиговска, веста ја објави нејзиниот сопруг

Radmila Tasevska

Алабаковски се враќа на скопската сцена со концерт во „Јавна соба“

Urednik

(Фото) „Ти си маестро, маестро мој“: Игор Џамбазов со емотивна порака на четиригодишнината од смртта на татко му Александар

Urednik