Винаријата Peyrassol ова лето носи ново винско освежување. Љубителите на вино, особено оние кои имале можност да ги вкусат вината на Peyrassol, преку #LOU ROSE ќе ја препознаат магијата на оваа винарија, чија традиција долга 800 години сведочи за извонреден квалитет на винските етикети.
Постојаната потрага по уникатни свежи ноти, најдоброто селектирано грозје и употреба на најдобри практики го создаде #LOU ROSE, куве со изразена ароматика, шарм и елеганција во секоја капка. Ова вино ќе ве освои со својата нагласена арома на вкусен цитрус и шумско овошје надополнета со нежна флорална нота. Доколку сакате целосно гастрономско уживање, #LOU ROSE особено добро се вклопува со азиската кујна, нудли или тајландски тестенини, морски плодови разни пасти и салати.
Розе вината на винаријата Peyrassol го обиколуваат светот и се достапни на бројни екслузивни дестинации, од шармантните брегови на француската ривиера до софистицираниот амбиент на Монако, Сент Тропе и Ибица. Peyrassol ги краси и винските листи во сончевата, топла и секогаш заводлива Шпанија, секогаш присутни на забавните грчки острови Санторини и Миконос, живописните Португалија и Барселона, како и голем број космополитски градови како Лондон, Њујорк или Париз. Совршено вклопувајќи се во секој амбиент и стил, без разлика дали ова вино се наоѓа на масите на најекслузивните ресторани, луксузните хотели или клубови, она што го издвојува од останатите е неговата исклучителна вредност да и покрај својот престиж остане достапно за сите.
Благодарение на компанијата Алхемист, која е застапник за вината на Peyrassol, овие екслузивни вина се достапни и на македонскиот пазар по најдостапни цени. Вината од оваа уникатна колекција може да ги најдете во повеќе познати угостителски објекти како: италијанскиот ресторан „Салваторе“, ресторан „Два Елена“, „Ботаника“, „Oeno Bar“, ресторан „Дукат“, „Јавор“ Мрзенци, „Воденица“, „Intermezzo Music Bar“, „SushiCo“, „Радио бар“, во малопродажба во „WineBerry Bistro and Shop“, „Liquor store Biblioteka“, Wine.mk store, Finewine или да нарачате преку Instagram профилот на компанијата Alchemist mk.