СТАНДАРД life
Фото: Black cat production
МК Сцена

Македонскиот игран филм „17“ на Берлинале

Новиот македонски долгометражен игран филм во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски селектиран во програмата „Перспективи“ на овогодинешниот 76-ти Берлински Филмски Фестивал.

Ова беше денес соопштено во Берлин, со што филмот на режисерката Митиќ ќе се натпреварува во селекцијата „Перспективи“, во која се селектираат и натпреваруваат најдобрите дебитантски филмови, на светско ниво.

Во Берлинале Перспективи, македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во оваа програма.

За филмот „17“

Седумнаесетгодишната Сара поаѓа на училишна екскурзија, криејќи тајна за која никој не знае. Кога екскурзијата ќе излезе од контрола и Сара ќе биде сведок на насилство врз нејзината соученичка Лина, тие ќе се поврзат засекогаш.

Филмот е продуциран од „Црна Мачка Продукција“ во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија. Поддржан е од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и Филмскиот центар на Србија, Словенечки филмски Центар, СЕЕ Синема Нетворк (SEE Cinema Network) и СинеЛинк Ворк-ин-прогрес (CineLink Work in Progress) на 31. Сараевски Филмски Фестивал

Поврзани вести

🎥„За Нас“ – музичко првенче на Ања Мицевска

Urednik

(Фото) Од Мис Југославија до 21. место на Мис на светот: Што прави денес Матилда Саздова

Urednik

(Фото) „Ти си маестро, маестро мој“: Игор Џамбазов со емотивна порака на четиригодишнината од смртта на татко му Александар

Urednik