17.8 C
Скопје
27 септември, 2025
СТАНДАРД life
МК Сцена

Соло концерт на импровизирана амбиентална музика на Амплидајн Ефект

На 26 септември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје (Салон 19:19), ќе се одржи концерт на импровизирана амбиентална музика на Амплидајн Ефект.

Амплидајн Ефект е проект на продуцентот Мартин Георгиевски од Скопје, активен од 2009 година. Во текот на изминатите години има издадено бројни албуми и настапувано на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои: Похода (Словачка), Десонанз, Лајв Саундтрак (Белград), ToBe Continued (Италија), ПНЕМ Саунд Арт Фестивал (Холандија) и Скопскиот џез фестивал. Исто така, има соработувано со Пост Глобал Трио, Светлост + Одрон Ритуал Оркестра и многу други уметници.

жНа овој концерт ќе настапи со соло импровизиран сет на пијано, клавијатури, гитара и лупови. Белгискиот медиум TURBULENCES VIDÉO го опиша неговиот последен албум како „Oрганска звучна атмосфера, балансирана меѓу психоделичен амбиент и кинематографско искуство, инспирирано од бетонската естетика на Скопје. Слушателот е повикан на нежна имерзија водена од кристални гитарски линии и електронски текстури. Во целина, Амплидајн Ефект успева да ја трансформира неизвесноста во аудиовизуелно „slow trip“ искуство што го впива слушателот во својот свет.”

Поврзани вести

Златна мимоза за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

Urednik

„Мајка“ распродаден за кино дистрибуција во Европа пред својата светска премиера во Венеција

Urednik

Лара објави серијал од четири песни и четири видео записи

Urednik