СТАНДАРД life
Фото: Приказната за Силјан
МК Сцена

Започнува вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни конкуренти

Денес започнува вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм, откако во првиот круг успешно ја доби номинацијата на овој фестивал. Ова е момент во кој публиката има клучна улога, а наградите се доделуваат врз основа на освоениот број на гласови.

„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни конкуренти од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји, но тоа нека биде мотив да бидеме поангажирани и секако со заеднички сили да ги дадеме своите гласови.

Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во дадената година. Во документарниот свет, ова признание може да биде предвесник за следниот голем успех, влез во најтесниот избор за Оскар. Затоа секој глас е важен и може да има значително влијание врз патот на филмот.

Сега е моментот Македонија повторно да се обедини и да покаже колку силно стои зад своите автори.

Сите сме за Силјан, сите сме за Тамара Котевска. Гласањето се затвора на 16.12.2025 во 02.00 часот.

Гласајте тука: https://cinemaeyehonors.com/audience-choice-voting/

Дали „Приказната за Силјан“ ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе биде објавено на 16. декември во 22.00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Поврзани вести

📽Тино Брзи ја објави својата нова песна

Urednik

National Geographic Documentary Films го откупи „Приказната за Силјан“ на Котевска

Urednik

📽„Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот, во изведба на Игор Џамбазов и Sarah Mace & The Girlzz

Urednik