СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
МК Сцена

(Фото) Торта со ангелски крилја и свеќички со број 45: Сестрата на Тоше го одбележа неговиот роденден

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија една од најзначајните личности на современата македонска култура.

По повод годишнината од неговото раѓање, неговата сестра Дора и годинава ја продолжи традицијата на тивко, но длабоко лично сеќавање. Таа сподели фотографија од роденденска торта посветена на својот брат – бела торта со елегантни златни детали, украсена со бели ангелски крилја и свеќички со бројката 45, симболичен потсетник на роденденот што Тоше денеска ќе го славеше.

Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Република Хрватска. Посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а 17 октомври 2007 година беше прогласен за Ден на национална жалост.

Поврзани вести

🎥 Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит што лесно влегува во уши

Urednik

Дина Јашари со настапи на четири фестивали во Хрватска

Urednik

The Walk го отвора престижниот филмски фестивал во Токио и фестивалот за документарен филм Фолкстон во Англија

Urednik