СТАНДАРД life
МК Сцена

Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“

Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева” по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Режисер на филмот е Бојан Василев. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашо Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.

Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева” се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција”.

Филмот во тек на развојот и продукцијата е поддржан од EDU CUTS мрежата преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан” финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Поврзани вести

„Црвена во лицето и отечена“: Тијана Дапчевиќ им се обрати на фановите од ординација (ФОТО)

Radmila Tasevska

Марија и Бојан од „Eye Cue“ уживаат на Корзика и Сардинија (ФОТО)

Radmila Tasevska

„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

Urednik