СТАНДАРД life
МК Сцена

🎥 Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит што лесно влегува во уши

Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит што лесно влегува во уши, а тешко се заборава. Емотивната и енергична „Убав е” е авторско дело на Сара (музика и текст), за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов кој внесе заразен диско ритам, со видеоспот снимен на плажи во Грција и во Скопје. Апсолутно, ова не е само песна што ќе се пее, туку и песна што ќе се почувствува, а многумина и ќе ги подзамисли.

Љубовта, како вечно актуелна тема, често комплицирана, но секогаш длабоко човечка – е главниот лик во оваа музичка приказна. Ова не е само песна за него, ова е песна и за неа. Сара, преку својот препознатлив стил, длабока емоција и уметничка елеганција, ја раскажува приказната на една жена што се преиспитува и се „бори” со себе.

„Да нема сонце, ќе можам. Да нема вода, ќе можам. Да немам никој, ќе можам. Но, без него не можам”…

Спотот како визуелна бајка, плажа, морско синило, зајдисонце и специфичната, ненаметлива женственост што Сара природно ја носи, идеално ја надополнува целата музичка приказна.

Поврзани вести

(ВИДЕО)Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември

Urednik

Јон Вардар повторно во Бразил

Urednik

„Досие иднина“ на фестивал во Нанси   

Urednik