СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
МК Сцена

(Фото) Коки Јанков објави емотивна семејна фотографија со радосен повод: На неа се мајка му, брат му и ќерка му

Познатиот музичар Никола Јанков – Коки објави прекрасна семејна фотографија на својот профил на Фејсбук.

Објавувањето на фотографијата е со убав повод што се случил во Штип, кој ги собрал на исто место сите сакани на Коки – роденденот на неговата мајка.

На оваа фотографија е и неговата ќерка Лара.

„Брат ми, внука ми, ќерка ми, мајка ми. Мамо, среќен роденден. Те сакаме“, напишал музичарот покрај фотографијата од насмеаното семејство.

 

Пред неколку години почина таткото на Коки, а тој е многу поврзан со својата мајка.

Коки, кој денес е професор по виолина, беше дел од легендарното дуо „Дуле и Коки“.

Поврзани вести

По светската премиера, „Патување пеш“ доаѓа дома

Urednik

Македонски автори и изведувачи наградени на фестивалот во Тиват

Urednik

📽️Калиопи привлече големо внимание со својата нова песна

Urednik