СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Оскари 2026 ќе бидат многу возбудливи: Рекордни 16 номинации за „Грешници“!

Објавен е конечниот список на номинации на годинешното издание на Оскарите.

„Sinners“ (Грешници) го собори рекордот со 16 номинации а „Wicked: For Good“ не доби ниту една номинација.

Номинациите за „Грешници“ вклучуваат најдобар филм, режија, оригинално сценарио, како и индивидуални актерски номинации за Мајкл Б. Џордан, Вунми Мосаку и Делрој Линдо.

„Грешници“ го надминаа досегашниот рекорд од 14 номинации, кој го држеа култните „Сè за Ева“, „Титаник“ и „Ла Ла Ленд“.

„Една битка по друга“ доби 13 номинации, додека „Марти Суприм“, „Франкенштајн“ и „Сентиментална вредност“ добија по девет номинации.

Филмот „Грешници“, сместен во Америка од 1930-тите, во време на сегрегација и прохибиција, комбинира историска драма, блуз-естетика и елементи на хорор. Во центарот на приказната се близнаци гангстери кои планираат да отворат илегален бар.

Тимоти Шаламе („Марти величествениот“), Леонардо Дикаприо („Една битка по друга“), Итан Хок („Сина месечина“), Мајкл Б. Џордан („Грешници“) и Вагнер Моура („Тајниот агент“) добија номинација за најдобар актер, а Џеси Бакли („Хамнет“), Роуз Бирн („Ако имав нозе би те шутнала“), Кејт Хадсон („Љубовна песна“), Ренате Реинсве („Сентиментална вредност“) и Ема Стоун („Бугонија“) за најдобра актерка.

Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 15 март, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Сите номинации за Оскар можете да ги видите ТУКА.

 

Поврзани вести

Почина музичарот познат по својот легендарен хит

Radmila Tasevska

Ѕвездата на еден од најдобрите филмови во 2023 година обвинета за силување

Radmila Tasevska

И го донираше својот бубрег, а потоа се оддалечија: Најдобрата пријателка на Селена Гомез откри каков однос имаат тие две сега

Radmila Tasevska