СТАНДАРД life
Шоубиз

(ВИДЕО) Солзи, аплаузи, песни: Илјадници на погребот на Шинејд О’Конор

Илјадници луѓе се собраа на улиците на ирскиот град Бреј на последното збогување и погребот на музичарката Шинејд О’Конор.

Толпата положи цвеќе и пееше песни на оваа музичарка уште од рано утро, околу нејзината куќа во Бреј, приморски град во близина на Даблин, каде што живееше повеќе од една деценија.

Семејството организираше затворена, приватна служба, на која присуствуваше и претседателот на Ирска, Мајкл Д. Хигинс.

Во моментот кога колоната минуваше покрај нејзината куќа, по момент молк, имаше огромен аплауз, а насобраните почитувачи на нејзината музика потоа заедно ја испеаа најпознатата песна на оваа авторка „Nothing Compares 2 U“. Обожавателите оставија и голем број писма, свеќи и цвеќиња пред нејзината куќа.

Кога погребната поворка стигна до крајот на својата рута, до брегот, радиостаниците истовремено ја емитуваа песната „Nothing Compares 2 U“ во знак на почит, според претходниот договор.

Ирските и британските медиуми јавуваат дека меѓу насобраните бил и музичарот Боб Гладоф, а некои медиуми јавуваат дека во поворката бил и Боно од бендот U2.

Претходно на еден рид кај Бреј беше поставен огромен знак „Ирска ја сака Шинејд“, а откако беше објавена веста за смртта на пејачката, нејзините обожаватели секојдневно оставаат пораки и цвеќиња пред нејзината куќа.

Пејачката почина на 56-годишна возраст, а точната причина за смртта се уште не е објавена.

Поврзани вести

Џулија Робертс откри каков совет би ѝ дала на својата помлада верзија

Urednik

Џеј Ло објави фотографија во костим за капење – ја „лајкнаа“ над милион луѓе

Urednik

Калиста Флокхарт (59) е непрепознатлива во најавата за новата сезона на серијата Феуд

Radmila Tasevska