СТАНДАРД life
Шоубиз

Ѕвездата на „Опенхајмер“: „Ми рекоа дека морам да ослабам ако сакам да успеам како актерка…“

Актерката Флоренс Пју (27) деновиве може да се види во филмот „Опенхајмер“, на Кристофер Нолан (53), кој доби одлични критики од публиката. Младата Британка со лут глас стана една од најбараните актерки во Америка благодарение на нејзината харизма и талент.

– Глумата ме привлече бидејќи рано ја сфатив нејзината моќ. Ми се допадна како сите во публиката молчеа и чекаа што ќе кажам следно на сцената – објасни Пју зошто избрала актерска кариера.

Таа беше номинирана за наградата на Британскиот филмски институт за најдобра нова актерка за нејзината прва улога во филмот „The Falling“ од 2014 година, а четири години подоцна во слабо оценетата телевизиска серија „The Little Drummer Girl“ заснована на романот на Џон ле Каре, таа беше поздравена како ретка светла точка.

– Таа е едноставно одлична. Таа многу паметно го прикажа својот лик како здрав разум кој цврсто стои на земја со двете нозе, а во исто време е софистициран, мудар, но и наивен – изјави за неа Ричард Лосон во магазинот Vanity Fair.

Како еден од нејзините адути, многумина го посочуваат нејзиниот специфичен, донекаде рапав глас.

За прв пат наиде на холивудски очекувања, кои воопшто не и се допаднаа, кога глумеше во пилот епизодата на американската серија „Studio City“.

– Ми рекоа дека морам да ослабам, да ја сменам фризурата и многу други работи – изјавила актерката по снимањето.

Таа не се приспособи на стандардите на Холивуд и се врати дома каде што беше прифатена како што беше од режисерите. Првата главна женска улога ја одигра во 2016 година во филмот „Lady Macbeth“, а за секоја наредна добиваше многу пофалби.

Режисерот на филмот „Dune“, чиј втор дел доаѓа во кината оваа есен, имаше само пофални зборови за актерката.

– Иако е се уште млада, полна е со самодоверба. Се чувствував како да работам со некој кој може да направи се и да покаже низа различни емоции пред камерата – изјави Денис Вилнев.

– Сакам да снимам филмови со актери како Зендаја, Тимоти Шаламе и Флоренс Пју. Тие се членови на новата генерација актери, харизматични личности за кои луѓето ќе продолжат да одат во кино. Накратко, тие се иднината на Холивуд, а таа иднина е веќе започната – објасни тој.

Поврзани вести

Тејлор Свифт ја освои наградата за уметник на годината на IFPI по четврти пат

Radmila Tasevska

Како ќе се вика принцот Вилијам кога ќе стане крал? „Американците го сакаат поради тоа име“

Radmila Tasevska

Лизо повторно мета на обвинувања од поранешни вработени: „Ни се закануваа, работев по 20 часа на ден“

Urednik