СТАНДАРД life
Храна

Традиционален рецепт за мексиканско бурито

Бурито е традиционално мексиканско јадење кое се состои од тортиља од пченично брашно со гарнир.

Филот можете да го направите по желба, но ова е традиционален рецепт.

Состојки:

* 250 гр мелено месо (телешко)
* 1/2 главица кромид
* 2 чешниња лук
* лажица масло
* 1 домат (поголем, излупен и исечкан на коцки)
* 3 тортиљи
* 4 лажици слатка пченка (варена или конзервирана)
* 4 лажици црвен грав (конзервиран)
* 4-5 лажици рендан кашкавал
* една лажичка суво оригано
* една лажичка ким
* лажичка црвен пипер
* 1/4 лажичка бибер
* 1/2 лажичка сол
* лажица кисела павлака
* малку коријандер или магдонос (за декорација)

Подготовка

Во тава загрејте масло и кратко пропржете ги ситно сечканите кромид и лук. Додадете го меленото месо, мешајте додека се убаво не се испржи.

Попатно додајте оригано, ким, бибер, пипер и сол. Добро измешајте, па додадете ги доматите, пченката и гравот. Гответе околу 15-20 минути додека меленото месо не биде готово.

Изрендајте кашкавал.

Загрејте ги тортиљите една по една во тава на оган.

На секоја топла тортиља од едната страна нанесете по една лажица кашкавал по должина, а одозгора филот со мелено месо.

Тортиљите свиткајте, а пред да ги послужите премачкајте ги со малку кисела павлака и посипете со коријандер или магдонос.

На здравје!

Поврзани вести

Тестенини со фил од кељ: Вистинско „удобно“ јадење за овие студени денови

Urednik

Посна шпанска пита

Urednik

🎥Веќе е познато кој ќе биде најголемиот тренд во светот на храната во 2024 година

Urednik