СТАНДАРД life
Шоубиз

Адел по осум години во Европа: Препродавачи продаваат билети за неверојатни суми

Адел најави дека ќе настапи во Европа првпат од 2016 година, со серија од четири концерти во Минхен, Германија, ова лето.

„Пред неколку месеци добив покана за летни концерти. Бев среќна со моите настапи во лондонскиот Хајд Парк и престојот во Вегас, па немав други планови“, се вели во објавата.

Пејачката во продолжение наведе голем број причини за одржување на концертите, кои се закажани за 2, 3, 9 и 10 август, вклучувајќи го и фактот дека УЕФА Европското фудбалско првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија.

Високата сума многу ги налути фановите кои и покрај тоа што со часови чекаа пред екранот, не можеа да добијат билет. Новите цени ги нарекоа лихварски. На веб-страницата на пејачката истите седишта се продаваа по речиси десет пати пониска цена. За влезниците требаше да се издвојат меѓу 74,9 и 419,9 евра.

„Не сум настапувала во Европа од 2016 година! Не можев да замислам поубав начин да го поминам летото и да ја завршам оваа прекрасна фаза од мојот живот и кариера со концерти поблиску до дома за време на едно толку возбудливо лето“, додаде таа.

 

Поврзани вести

🎥Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија досега невидени фотографии од семејството и ги „стопија“ фановите

Urednik

Хејли Бибер се вклучи во бизнисот на нејзиниот сопруг Џастин

Urednik

Том Круз едвај го дочекал разводот на Софија Вергара

Urednik