Селена Гомез се осврна на коментарите за нејзиниот изглед.
31-годишната актерка и пејачка објави своја папарацо фотографија од плажа во 2013 година и напиша: „Денес сфатив дека никогаш повеќе нема да изгледам вака …“
Потоа објави папарацо фотографија од 2023 година и заклучи: „Не сум совршена, но горда сум на тоа што сум … Понекогаш заборавам дека е во ред да си јас …“
Изгледот на Селена во последниве години често е мета на критики, но таа не дозволува да влијае врз неа и во јавноста се залага за природен изглед и често зборува за проблемите со наметнатите општествени стандарди на убавина. На социјалните мрежи таа објавува нефилтрирани фотографии на кои не се шминка, а токму оваа искреност и ја донесе титулата за најследена жена на Инстаграм.
View this post on Instagram
View this post on Instagram